Експлозија во електричен трансформатор направи хаос на улиците во Каракас

142

Во електричен трансформатор во главниот град на Венецуела, Каракас, денеска се случи експлозија.

Очевидци тврдат дека по експлозијата избил пожар.

Експлозијата предизвикала хаос меѓу граѓаните на Венецуела, кои деновиве се погодени од редовен прекин на електричната енергија.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо изјави дека државните инженери не успеале да поправат три од четирите трансформери коиексплодирале.

Гуаидо за прекинот на струјата ја обвинува корупцијата во Владата и лошото раководење

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...