Американскиот сенатор Линдзи Грејм изјави дека ќе се залага САД да го признаат израелскиот суверенитет над Голанска Висорамнина.
Тоа е територија на Сирија, што Израел ја окупира во Шестдневната војна во 1967 година, а во 1981 година ја анектира, но тоа не е признаено од поголемиот дел на меѓународната заедница.
Републиканскиот сенатор од Јужна Каролина денеска заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман ја посети Голанска Висорамнина, при што истакна дека планира „да ја убеди американската администрација да ги смени ознаките на областа бидејќи Голан не е спорен“.
Републиканските сенатори минатиот месец предложија закон со кој ќе се признае израелскиот сувернитет над Голанска Висорамнина, а Грејм тврди дека за тоа постои поддршка од двете партии во американскиот Конгрес.
Израел и Сирија немаат потпишано примирје, што значи дека официјално и понатаму се во војна.
Израелски авиони често извршуваат воздушни напади во соседна Сирија врз ирански цели