Најдени црните кутии од паднатиот Боинг 737

92

Истрагата ги открила двете црни кутии на местото на падот на авионот, 62 километри од Адис Абеба, од каде вчера наутро полета авионот. Никој не ја преживеа несреќата, а загинатите се од 32 националности.

Дури 19 од загинатите патници се вработени во Обединетите нации, кои патувале од Адис Абеба кон Кенија на конференција за храна.

Пилотот пријавил некакви проблеми на само три минути по полетувањето, а очевидците на несреќата велат дека имало необична бучава од авионот пред да падне и експлодира.

Авионот бил нов, прв пат со него било летано во ноември минатата година. Додека се утврди што се случува со авионот и каква техничка грешка можела да предизвика толкава трагедија , Етиопија, Индонезија и Кина решија да ги приземјат своите авиони Боинг 737.

Во октомври минатата година се урна и нов Боинг 737 на индонезиската компанија Лион Ер .

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...