Кандидатот на Европската народна партија (ЕПП) за претседател на Еврокомисијата Манфред Вебер изјави дека доколку биде избран, ќе ги запре преговорите со Турција за членство во ЕУ.
– Како кандидат за претседател на Европската Комсија сакам да бидам конкретен и разбирлив за луѓето. Поради тоа и ветувам дека ако станам претседател на Комисијата, ќе ги запрам пристапните преговори со Анкара, бидејќи сметам дека Турција не може да биде членка на ЕУ – изјави тој за словенечки „Вечер“.
Вебер, исто така, повика на масовна излезност на претстојните избори за Европскиот парламент.
– Не смее да се случи по изборите да се разбудиме со Европски парламент, во кој мнозинството избрани пратеници ќе бидат од листите на популистите и екстремистите кои одбиваат соработка и компромиси, а тоа е реално и сè ќе заврши во националистичка и егоистична Европа – нагласи Вебер.