Државниот фестивал на непрофесионален филм годинава во Крушево

333

Крушево годинава ќе биде домаќин на 48-от Државен фестивал на непрофесионалниот филм, информираат од крушевската локална самоуправа. Фестивалот треба да се одржи во мај и се очекува да настапат многу перспективни режисери од Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во категориите: документарин филм, краток игран филм, експериментален филм, анимиран – цртан филм, едноминутен филм.

Фестивалот е во организација на Кино-сојузот на Македонија и на Народна техника на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија и на општината Крушево.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, овој настан е од посебно значење и ќе донесе многу посетители .

-Државниот фестивал на непрофесионален филм оваа година го организираме во Крушево, со поддршка на локалната самоуправа и ќе донесе нови посетители за нашата општина, вели Христоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...