Актерот во моментот снима нов филм во кој ќе го глуми Ал Капоне, а толку се соживеал со својата улога што фановите не успеале да го препознаат.
„Не можам да верувам дека тоа е навистина тој“, коментирал еден обожавател под фотографијата на британскиот актер Том Харди (41). Тој моментално го снима новиот филм „Фонзо“, во кој го глуми еден од најголемите гангстери на сите времиња, легендарниот Ал Капоне, а толку се соживеал со оваа улога што фановите не успеале да го препознат.
Режисерот на филмот, Џош Транк, споделил неколку сцени од снимањето. Фотографијата од Харди брзо се проширила на социјалните мрежи, а повеќето негови фанови не можеле да поверуваат дека тоа е тој.
„Секоја чест за феноменалната трансформација во Капоне, јас лично одвај успеав да го препознаам“, е само еден од коментарите на шокираните фанови на Том.
Филмот наводно треба да се занимава со доцните години на Капоне, кога по излегувањето од затвор почнува да пати од деменција.Харди неодамна и самиот потврдил колку е возбуден за новата улога, а за американскиот „Дејли бист“ признал дека во филмот нема да изгледа како класичен Ал Капоне, но дека секако ќе има одредена трансформација.
– Нема драстично да се менувам за Капоне како што направив тоа за улогата на Бејн во „The Dark Knight Rises“. Мислам дека тогаш му наштетив на своето тело, посебно со дебелеењето. Ако повторно почнам да се дебелеам, мислам дека ќе се распаднам како кула од карти – признал актерот.
Харди и неговата сопруга Шарлот Рајли кон крајот на минатата година го добиле второто заедничко дете, синот Форест, кој своето име го добил по омилениот филм на Харди.
– Двајцата се пресреќни со приновата, а детето веќе сега личи на Том. Го нарекоа Форест, по филмот „Форест Гамп“ и големата улога на Том Хенкс – рекол извор близок на двојката.
ФОТО: Instagram/Pixsell/kolaž