Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона признал дека децата се негови. Наскоро ќе оди во Куба за правно да го признае татковството, порачал неговиот адвокат Матијас Морла. Марадона решил на децата да им го даде своето презиме.
– Ќе направиме ДНК анализи, станува збор за децата кои Марадона ги има со различни жени, а тој ќе ги признае кога ќе дојде во Куба – порачал Матијас Морла, адвокатот на легендарниот Диего Марадона.
Во периодот од 2000 до 2004 година славниот Марадона живеел тешко и не му било лесно да се одвикне од секојдневнието исполнето со дроги. Го прифатил и повикот на својот пријател Фидел Кастро, познатиот кубански диктатор за да се пресели на егзотичниот остров.
Петнаесет години подоцна дознал дека бројката од пет деца со различни партнерки би можела да биде удвоена.
Изгледа дека Фидел се потрудил на својот гостин да му биде задоволено буквално сѐ, па во тој период, во тие четири години Марадона успеал да направи три деца.