Секоја личност што страда од мигрени може да издвои неколку предизвикувачи на истата. Сепак, генерално, постојат неколку производи кои треба да ги избегнуваат луѓето кои страдаат од мигрена.
Според лекарските истражувања, аминокиселинскиот дериват наречен тирозин е еден од главните причинители на мигрена, а симптомите може да се појават дури и по еден или два дена по консумирањето на производи кои го содржат.
Луѓето кои често имаат мигренозни главоболки, главно, треба да избегнуваат ореви, бразилски ореви, грав, краставици, банани и тврди и стари сирења, како и нивни комбинации.
Старите сирења содржат висока концентрација на тирамин, кој е производ на аминокиселината тирозин. Се создава кај храна што е расипана, а за некои сирења како што се рокфорд, чедар, горгонзола, бри, камембер, гријер или гауда, е познато дека се јадат кога се постари и отстојани.
За разлика од нив, свежите сирења како што е младото сирење, изварката, крем сирењето и рикотата, но и младата моцарела, не го содржат тираминот и помала е веројатноста да предизвикаат мигрена.
Меѓу производите што ги олеснуваат симптомите на мигрена се ѓумбир, цимет и куркума и истите можат да бидат додадени во чај или во оброк.