Растителните сирења, шлаг, павлака…не се посни

Ознаката „посно“ на намирниците во следните денови на Велигденскиот пост ќе им донесат на трговците завиден профит, но со нив, многу верници, и не знаејќи ќе ги прекршатправилата за воздржување од мрсна храна

504

Многу од производите кои се декларираат како посни, всушност не се посни. Иако би требало за вакви измами да се пропишат строги парични казни, со оглед на тоа што овие намирниците со овие натписи се во слободна продажба, веројатно тоа не е случај. Овие намирници всушност содржат траги од јајца, млеко, путер, свински и говедски желатин.

Една од најголемите заблуди се растителните сирења. Веројатно повеќе од 90 отсто од испитаниците би кажале дека нема дилеми дека е растителното сирење посно, меѓутоа, такво е единствено она од соја, додека повеќето други содржат натриум казеин. Станувазбор за протеин кој го има единствено во млекото, а на тие растителни сирења им се додава за да добијат тврдост. Сирењето со растителни масти е многу помеко и производителите му го додаваат овој протеин затоа што тој како стабилизатор и емулгатор е добар за да ја врзе водата од млекото и даја зацврсти структурата на производот.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...