Најбогатите луѓе на светот живеат во овие 10 градови, а парите најмногу ги трошат на една работа ФОТО

Најмногу богаташи, чие богатство изнесува најмалку 30 милиони долари, живеат во Лондон, Токио и Сингапур.

201

Со своите приватни авиони и вили ширум светот, богаташите спаѓаат во групата на луѓе кои најмногу се селат. Меѓутоа, речиси половина од најбогатата популација на светот има регистрирано постојано живеалиште во само 10 светски градови.

Најмногу богаташи, чие богатство изнесува најмалку 30 милиони долари, живеат во Лондон, Токио и Сингапур. Иако САД се најголемата економија на светот, Њујорк е нивниот единствен град кој се искачил на самиот врв на листата, пренесува истражувањето на „Knight Frank“.

Податоците покажуваат дека најголемата концентрација на ултра богатите е сместена во главните градови. Главните фактори кои ги привлекуваат богаташите во овие градови се деловните прилики, животниот стил, болнците и сообраќајната инфраструктура.

И покрај Брегзит, голем број на богаташи живеат во Лондон, кој е политички и финансиски центар на Велика Британија, и најголем светски центар на богатството.

Во овој град во моментот живеат нешто помалку од 5.000 ултра богати лица, пишува „Блумберг“.

– Лондон е многу посебен. Не постои ниту еден друг град во кој е концентриран толкав број на богаташи од различни деловни сектори – истакнал Лијам Билеј, аналитичар во „Knight Frank“.

Во светот живеат речиси 200.000 поединци со ултра високи нето вредности, а две третини од нив живеат во Азија, Европа и Северна Америка.

Европа е најголемиот регионален центар за оваа популација на глобално ниво, додека порастот меѓу азиските економии значи дека светот ќе има повеќе од 20 милиони луѓе со богатство од најмалку еден милион долари за првпат оваа година.

Виски,  автомобили
Економскиот раст ја направи Азија за најголем избор на нови милијардери и ги поттикна луксузните инвестиции ширум светот. Купувачи од Кина и Хонг Конг, лани, ја сочинувале околу една четвртина од купувањето на недвижности во Лондон во вредност од најмалку 2,6 милиони долари.


Кога станува збор за потрошувачката на богатството, најголем дел од парите се трошат токму на скапоцени и луксузни работи. Така, на врвот на листата се нашле ретки видови на виски и автомобили, додека уметничките дела, накитот и дијамантите се нашле на самото дно на листата.

Исто така, пари трошат и на монети, марки, часовници и вина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...