Познатата актерка Мирјана Карановиќ е една од ретките јавни личности која признала дека пробала и консумирала дроги. Мирјана во периодот кога имала дваесеттина години памети дека консумирала на лесни дроги.
– Нормално во тоа време главно пушевме марихуана и хашиш. На почетокот на деведесеттите од очај неколкупати пробав кокаин, но не бев воодушевена од него, некако тоа не беше мојата дрога – искрено тогаш признала Карановиќ.
Таа имала ужасно искуство со екстази.
– И после еднаш пробав екстази, но од тоа ми беше многу лошо и сфатив дека со него нема играње. Никогаш не ме привлекувала ниту еден вид зависност. Ниту од луѓе, ниту од нешта, ниту пороци… Не сакам кога некој или нешто управува со мене, бидејќи јас сум личност која сака да ги контролира нештата. Да речеме, преку ноќ престанав да пушам и немам никаков проблем со тоа – раскажала Мирјана Карановиќ.
ФОТО: Википедија