Кандидата е микрогаба од родот на квасците. Повеќето од овие габи живеат во симбиоза со човекот, но ако дојдат до погрешно место можат да предизвикаат инфекција.
Најчестиот случај на инфекција е кандидијазата која предизвикува „Candida albicans“, една од габите од родот на кандида. Оваа микрогаба вообичаено се наоѓа на кожата, во интестиналниот и гениталниот тракт, устата и грлото.
До инфекција, односно, прекумерно размножување и ширење на габата доаѓа кога од одредени причини е нарушена рамнотежата меѓу габата и бактериската флора која го регулира нејзиното размножување.
Ако имате проблеми со кандидата, ви претставуваме еден едноставен рецепт за решение на овој проблем, а сите состојки за ова ефикасно средство против кандида ги имате во вашата кујна.
Потребни состојки: 1 чаша јогурт, 2 чешниња лук, 1 морков, половина лажица ѓумбир, половина лажица цимет.
Подготовка: изрендајте го морковот, лукот и ѓумбирот и додадете ги во јогуртот. Додадете го и циметот и добро промешајте. Оставете ја смесата малку да отстои и јадете ја како салата еднаш дневно.