Студенти ќе одат на практична обука кај водечки директори

Студентите што ќе аплицираат може да бидат од областа на економијата, човечките ресурси и администрацијата или која било друга сфера во која работи компанијата. 

169

По еден работен со пет водечки извршни директори ќе поминат 10 студенти од додипломски, постдипломски и докторски студии до август годинава. Ова е прокет кој го реализира Стопанската комора на Македонија под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.

Заинтересираните студенти можат да аплицираат електронски на адресата www.fic.mk. Аплицирањето почнува од денеска, а ќе трае до 5 април.

Студентите што ќе аплицираат може да бидат од областа на економијата, човечките ресурси и администрацијата или која било друга сфера во која работи компанијата.

– Студентите ќе имаат можност да видат како се води компанија, како всушност се работи во реална ситуација. Ќе стекнат практично искуство што Универзитетот не може да им го понуди – рече претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора Штефан Петер на промоцијата на проектот.

Тој информира дека првата група извршни директори со кои ќе имаат прилика да поминат ден студентите се: Ирена Јакимовска од компанијата „Кофи ангел“, Вулфганг Марингер од „Арчелор Митал“, Јован Радосављевиќ од Пивара Скопје, директорот на компанијата „Ванхол“ ,Аврам Стојчевски и директорот на ЕВН, Штефан Питер.

Питер информира и дека ако има интерес кај студентите, проектот ќе продолжи и идната година, а во план е за 10 години Македонија да добие 100 студенти со меѓународно образование без да одат надвор од државата што би значело значително намалување на трошоците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...