Германија нема да го прогласи Хезболах за терористичка организација

130

Германија нема да го прогласи Хезболах, поддржуван од Иран за терористичка органзиација, нагласи помошникот на германскиот министер за надворешни работи.

Таквата одлука може да поттикне тензии со Саудиска Арабија и со Вашингтон.

Нилс Анен за „Шпигел“ изјави дека шиитското исламско движење Хезболах и понатаму е релевантен фактор во либанското општество и потсети дека ЕУ уште во 2013 година го стави военото крило на таа организација на листата на забранети групи.

Минатиот месец Британија соопшти дека ќе ги забрани сите крила на Хезболах поради тоа што дестабилизирачки дејствуваат на приликите на Блискиот исток.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...