Стапката на невработеност 19,4 отсто

309

Стапката на невработеност во четвртиот квартал годинава изнесува 19,4, а стапката на активност е 59,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во последните три месеци од минатата година активното население во Македонија изнесува 957 609 лица, од кои вработени се 771 806, а 185 803 лица се невработени.

Активното население во четвртиот квартал 2018 во одниос на истиот квартал во 2017 година е зголемено за 0,4 проценти, а бројот на вработените за 3,6 проценти.  Кај невработените има намалување за 10,9 проценти, а кај неактивното население, исто така намалување за 0,2 процента.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...