Австралискиот Центар за контрола и превенција на болести, направил листа на места ширум светот кадешто на туристите им се препорачува или не им се препорачува да пијат вода од чешма.
Според оваа листа, во 187 држави ширум светот на туристите им се советува да не ја пијат водата од чешма, иако се истакнува дека тоа „не значи нужно и дека водата не е добра за пиење, туку дека вашиот организам е навикнат на водата во тие подрачја“.
Според овие информации, ако планирате некое патување, не е на одмет да знаете дека водата од чешма без страв можете да ја пиете во: Шпанија, Италија, Канада, САД, Чиле, Исланд, Велика Британија, Финска, Сингапур, Полска, Јапонија, Саудиска Арабија Австралија.
Водата од чешма за туристите е безбедна, помеѓу другото, и во Белгија, Хрватска, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Малта, Холандија, Португалија, Словачка, Словенија, Швајцарија.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey