Болестите полесно ги поднесувавме во помлади години, тоа не е никаква тајна, но
како што старееме, ситните проблеми стануваат се поголеми и се чинат полоши од
кога било.
Ова се неколку проблеми кои понекогаш сме ги игнорирале, но доаѓа
време кога и на нив треба да обрнеме внимание.
Грип – имунолошкиот систем со текот на годините слабее, поради што лицата
постари од 65 години тешко се лекуваат од „обичен“ грип кој порано во од го
решавале. Грипот може многу брзо да доведе до воспаление на белите дробови, кое
кај 70-90 отсто се манифестира кај лица на возраст од 50 до 70 години, а често
резултира и со смртност.
Болести на коските – природниот процес на стареење вклучува и стареење на
коските. Тие ги губат минералите и стануваат потенки и покршливи. Дури 10 отсто од
Амерканците постари од 50 години страдаат од остеопороза, што предизвикува
полесно кршење или пукање на коските при пад.
Промени на расположението – животните промени, честото користење на лекови и
намалената телесна активност може да влијаат на редовните промени на
расположението. Навидум неповрзани болести, како недостаток на витамини или
хипотиреоза, исто така, може да бидат некои од причинителите на ваквата состојба.
Ждригавица и киселини во желудникот – честата ждригавица може со текот на
годините да предизвика стеснување на ткивото на хранопроводот кој е поврзан со
грлото. Со тек на време може да дојде до бактериски инфекации, поради што
здравата исхрана, не консумирањето на храна доцна навечер и вежбите може да го
намалат проблемот со киселините во желудникот.