Овој исклучително здрав зеленчук би требало почесто да се најде на нашето мени затоа што е извор на здравје. Спанаќот е исклучително богат со протеини, фолна киселина, магнезиум, калциум, калиум, фосфор, железо заради што особено им се препорачува на анемичните личности.
Само 180 грама варен спанаќ содржи повеќе од 1.000 проценти од препорачаното дневно количество на витамин К и 377 отсто витамин А.
Овој зеленчук, исто така, изобилува со флавоноиди и каротеноиди кои имаат противвоспалително и антиоксидативно дејство. Спанаќот е извор на витамините Ц и Е, бетакаротен, манган, цинк и селен.
Секојдневно консумирање на овој зеленчук им се препорачува на луѓето кои страдаат од остеопороза, а заради калиумот и на жените кои влегуваат во менопаузата.
Спанаќот го поттикнува варењето и спречува запек, помага при слабеењето и позитивно влијае на нивото на шеќер во крвта и ја подобрува функцијата на мозокот.
Заради богатите состојки најдобро е да го јадете свеж, како додаток во салата или само кратко проварете го. Едно од најважните правила кога е во прашање спанаќот е дека тој не треба дополнително да се подгрева.