Предлог буџетот на САД за 2020 година на американскиот претседател Доналд Трамп ќе го вклучува и глобалниот фонд за жени од 100 милиони долари со кој ќе управува неговата ќерка Иванка Трамп.
Неименуван претставник на Белата куќа изјавил дека буџетот, кој би требало да биде усвоен во понеделник, ќе вклучува и средства за Иницијативата за глобален развој и просперитет на жените.
Администрацијата на САД минатиот месец го почна владиниот проект на чело со Иванка Трамп, која инаку е советник на американскиот претседател.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS