Наша интенција е проблемот со надоместокот за складиштење на нафтените резерви кој постои со години да биде затворен што побрзо, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.
– Но притоа се водиме правилникот за чување на нафтените резеви да ги штити интересите на граѓаните и тие да плаќаат што пониска цена за тоа – рече Тевдовски.
Тој најави дека решение за проблемот треба да биде донесено што е можно побрзо, но тоа да не биде на штета на граѓаните.
– Интенција е да биде затворено годинава и при донесеување на правилникот да биде постигната пониска цена – рече тој.