Фејсбук избриша повеќе од 30 профили и страници со лажни информации за Романија, соопшти компанијата.
– Отстранивме четири страници, 26 профили и една Фејсбук група вклучени во координирана акција во рамките на мрежа која работела во Романија, чија цел беше луѓето да ги доведе во заблуда – се вели во официјалното соопштение.
Страниците и профилите се користеле за манипулирање со јавното мислење, на нив биле објавувани локални вести со измислени наслови чија цел била поддршка на владејачката Социјалдемократска партија. Избришани се и профили на корисници кои ги објавувале контроверзните содржини од сајтовите кои се претставувале како информативни.
– Иако луѓето кои стојат зад оваа активност се обидуваат да го скријат својот идентитет, нашата проверка покажува дека некои од тие акции се поврзани со политичар од Социјалдемократската партија – стои во соопштението на Фејсбук.
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN