Во текот на посетата на Египет јавал камила со звукот на српската химна, на говор мавтал со кокошкини нозе а во родната Јагодина донел жирафа.
Драган Марковиќ Палма, контроверзниот српски политичар, кој на сите можни начини се обидува да остане во центарот на вниманието, повторно ја оставил јавноста без текст откако протече снимката од неговиот „настап“.
Овој лидер на политичка партија, исто така, е поранешен градоначалник на српскиот град Јагодина.
Марковиќ во Виена одвел дури 850 граѓани, меѓу кои најголем дел биле студенти, со цел да се запознаат со животот на Универзитетот во Виена. Откако ја посетиле австриската престолнина, тие од Виена се збогувале со забава, која „ескалираше“ со демонстрација на боречки вештини.
Имено, поранешниот градоначалник ги повика студентките да доаѓаат една по една и да го „напаѓаат“, додека тој „вешто“ ги избегнуваше ударите. Додека се одвиваше „драматичната“ сцена, во позадина се слуша песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“.
Svatovi na svadbi kod Brus Lija. pic.twitter.com/hKQLcO0S9o
— Beskrupulozan (@MilosAJovanovic) March 5, 2019