Куманово – Град на културата за 2019 година

167

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска на прес конференцијата која се одржа во општината соопшти дека Куманово е Град на култура за 2019. Министерството за култура ја прифати апликацијата на Општина Куманово и донесе решение за доделување на средства во износ од три милиони денари.

Средствата ќе бидат искористени за реализација на културните манифестации предвидени во Програмата за културни манифестации на  Општина Куманово за 2019, меѓу кои Фестивалот на новосоздадени шегобијни песни „Тумба Фест“, Гала оперски концерт со оркестар и солисти од НЅ МОБ, Музичко сценски перформанс за детска и младинска возраст, Театарска претстава „Ленче Кумановче“ и т.н.

Градоначалникот Димитриевски се заблагодари на Министерството за Култура и на Владата за поддршката на настаните и манифестациите во пресрет на јубилејот на општината – 500 години постоење на Куманово.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...