Раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал лани

Во четвртото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторот „градежништво“ од 19,6 отсто

211

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2018 година е 3,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. На годишно ниво забележан е раст на БДП од 2,7 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: „градежништво“ од 19,6 отсто и „уметност, забава и рекреација“; „други услужни дејности“; „дејности на домаќинствата како работодавачи“; „дејности
на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби“ од 14 отсто и „трговија на големо и трговија на мало„; “поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 7,9 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2018 година, забележа номинален раст за 6,3 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,4 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 23 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 21,5 отсто.

Растот на БДП во првиот квартал 2018 година изнесуваше 0,9 отсто, во вториот квартал 3,1 отсто и во третиот квартал 3,0 отсто. На годишно ниво тоа значи дека е постигнат раст на БДП од 2,7 отсто.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...