Трибјут концерт во чест на Арета Френклин

180

Во ноќниот клуб Станица 26, во организација на 3Гонга, во среда во 21 часот ќе настапи харизматичната американска вокалистка Camille Sledge. Специјалениот настан е трибјут концерт во чест на кралицата на соул музиката Aretha Franklin.

Ова возбудливо и авантуристичко музичко патување ќе ни го овозможи Camille Sledge, ќерката на Debbie Sledge една од четирите сестри, музички икони на култната група од 70те години Sisters Sledge. Камил го наследи талентот на својата мајка и во Станица 26 ќе нè води низ нејзините лични изведби и аранжмани на музичките клсици од Franklin, песни како што се “Respect”, “Chain of Fools”, “You Make Me Feel Like A Natural Woman”и многу други. Заедно со Camille на сцената ќе настапи и поранешниот тапанар на Prince, David „Fingers“  Haynes, Ken Linh Doky на пијано и Romulo Duarte на бас.

На 30 март на истата локација ќе настапи македонскиот бенд „Pumperzz Of The Fall“ во состав Ирена Димовска – вокал, Мортен Џеј – бас и придружен вокал, музички директор Даниел Митревски на гитара и придружен вокал и Иле Лулевски на тапани. Бендот е формиран во 2003.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...