Фустан од смартфони на модната недела во Париз

49

Фустан од телефони, со 10 прикачени Motorola смартфони, беше претставен на модната недела во Париз. Тој ја олицетворува „селфи ерата” во која живееме и е дело на провокативната дизајнерка Флора Миранда која со секоја креација во високата мода ги предизвикува застарените норми.

Моделот е наречен Digital Aura и претставува класичен волнен бизнис костум со силно нагласена женска силуета. Смартфоните се поставени на метална конструкција, така што изгледаат како цветови, но всушност снимаат од различен агол. Скриениот лајтмотив е во одразот и во тоа дека реалноста е всушност прашање на перспектива.

Конструкцијата за 10-те Motorola телефони е исто така уметничко дело само по себе, бидејќи е создадена од белгискиот скулптор Николас Бајенс. Држачите за „телефонските цветови” се селфи стикови кои од една страна обезбедуваат стабилност на телефоните а од друга страна ја пресоздаваат врската меѓу реалниот свет и дигиталното преку призмата на модата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...