Болките во грбот се многу честа појава, а осовено се неспецифични болките во долниот дел на грбот. Ги предизвикуваат стресот, недостатокот на вежбањето, напнатоста на мускулите или психолошките проблеми.
Кога ќе се појават болки во грбот, понекогаш единствено што посакувате е да останете во креветот. Лекарите, меѓутоа, велат дека тоа е најлошото што можете себеси да си го направите.
Лежењето обично ги интензивира болките во грбот, затоа, наместо лежењето, потребно е да чекорите.
На луѓето кои страдаат од болки во грбот им се препорачува каков било облик на физичка активност, велат стручњаците. Умереното вежбање ги подмачкува зглобовите, ја подобрува мобилноста на ‘рбетниот столб и ги зајакнува мускулите.
Лекарите не препорачуваат масажа и акупунктура, но таквите третмани може да се користат како надополнување на физичката активност.
Ако болките се толку силни така што го отежнуваат движењето или го оневозможуваат нормалното држење на ‘рбетот, таблетите против болки можат да пружат привремено олеснување.
Во случај ако болките во грбот не престануваат, треба да се обратите на лекар специјалист за да се утврди дали нивната причина е некој сериозен проблем, како фрактура или пролапс на дискот.