Турскиот актер Бурак Озџивит (34), кој се прослави во „Сулејман Величествениот“, се ожени со Фахрие Евчен (32) од „Лисјата кога паѓаат“ во 2017 година, а сега го чекаат првото дете.
Актерката е во седмиот месец од бременоста, а на јавноста ѝ е познато дека двојката ќе добие син.
Бурак и Фахрие изгледа многу ѝ се радуваат на приновата, бидејќи веќе на неродениот син му отвориле и профил на Инстаграм и со тоа откриле кое име ќе му го дадат.
Каран Озџивит, иако сè уште не е роден, a веќе го следат повеќе од 87.000 луѓе.
Бурак има 12 милиони следбеници, а на многумина не им се допаднал неговиот потег.
Му забележале дека на сметка на неродениот син се обидува да заработи пари и да собере спонзори.
„Ова е болно. Детето не е рекламен пакет“, му напишале следбениците.
Сепак, славниот актер се оправдал дека му направил профил на синот за да го заштити од лажните профили кои луѓето би можеле да ги отвораат откако детето ќе се роди.
Инаку, Бурак веќе почнал да штеди за иднината на својот син. Отворил банкарска сметка на која положил 300.000 евра. На сè уште неродениот син на тој начин до 18. година му обезбедил богатство.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм