Радиостаници во Австралија и Нов Зеланд ги бојкотираат песните на Мајкл Џексон

184

Радиостаници во Австралија и Нов Зеланд одлучија да не пуштаат песни на Мајкл Џексон поради новите обвиненија за сексуална злоупотреба на деца на неговиот имот „Недојдија“.

Во неделата, Ејч-би-оу премиерно го прикажа документарниот филм „Напуштајќи ја Недојдија“, кој повторно го покрена прашањето за односот на Џексон со децата.

Нова ентертејнмент во Сиднеј е последната од радиостаниците што објавија дека нема повеќе да пуштаат песни на „кралот на поп музиката”, како одговор на реакциите на јавното мнение и поради документарецот во кој двајца мажи го обвинуваат Џексон дека ги силувал кога биле деца на седум и 10-годишна возраст.

– Со оглед на новите случувања, и Смут ФМ отсега нема да емитува песни на Мајкл Џексон – соопшти претходно директорот на друго локално радио, Пол Џексон.

Во Нов Зеланд тој тренд го следат и Медија Ворк и НЗМЕ – и двете компании доминираат на пазарот на приватни радија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...