ЕЛЕМ продаде вишоци струја за 364.837 евра

81

АД Електрани на Македонија завчера продаде 8.400 мегават часови вишоци електрична енергија за вкупна сума од 364.837 евра.

Како што информираат од компанијата, продадената електричната енергија е за периодот од 11 до 17 март годинава, а просечната цена која беше постигната на аукцијата изнесува 44,43 евра за мегават час.

-На Унгарската берза на електрична енергија ( HUPX ), цената за тој период изнесува 43,24 евра за мегават час – информираат од ЕЛЕМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...