Со тебе пораснавме, а сега те нема: „Славејчињата“ му посветија песна на Влатко Илиевски ВИДЕО

Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска ја напишаа музиката и текстот за песната „Недостигаш“ и му ја посветија на нивниот омилен Влатче

271

Четири девојчиња од хорот на „Златно славејче“ напишаа и снимија песна за Влатко Илиевски, пејачот и актер кој почина минатото лето, а десет години беше водител на фестивалот „Златно славејче“.

Елена Георгиевска, Матеа Илиева, Викторија Ефтимова и Анастасија Илиевска ја напишаа музиката и текстот за песната „Недостигаш“ и му ја посветија на нивниот омилен Влатче, за кој велат дека им бил идол и голем пријател. Aранжманот и продукцијата се на Валентино Скендеровски.

„Секогаш твоето име ќе го величиме и засекогаш ќе остане врежано во нашите срца. Со тебе пораснавме, се дружевме, а сега те нема. Ќе се потрудиме да го зачуваме твоето дело и никогаш да не бидеш заборавен. Работевме со многу труд, имавме голем мотив. Знаеме дека нашиот другар Влатко ќе биде горд на нас. Добивме голема поддршка од продуцентот Валентино Скендеровски и што е најважно – добивме поддршка од фамилијата Илиевски. Упатуваме голема благодарност до сите кои ни помогнаа да ја пренесеме нашата порака“, напишаа девојчињата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...