Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон води преговори за ослободување на американски државјани кои се држат како заложници или се заробени во странски земји. Тој одби да прецизира за кои држави станува збор.
Трамп ја даде изјавата во Белата куќа, кога го пречека Дени Бурч, нафтен инженер, кој помина 18 месеци во затвор во Јемен. Минатиот месец Трамп објави дека Бурч, кој беше киднапиран од страна на бунтовниците во 2017 година во Јемен, ќе биде ослободен. Бурч работел за нафтената компанија во Јемен и бил киднапиран откако ги одвел децата на училиште.
Зборувајќи за ослободувањето на американските државјани, Трамп рече дека „во моментов се водат неколку преговори”.
– Нема да кажам каде, бидејќи не сакаме да ги загрозиме преговорите – изјави Трамп пред новинарите.
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS