Кинеската компанија „Хуавеи“ ги тужи САД

51

Кинеската компанија „Хуавеи“ соопшти дека ги тужи САД поради забрана на федералните агенции да ја користат опремата на тој технолошки гигант.

– Конгресот на САД никогаш не беше во состојба да обезбеди какви било докази за да ги оправда своите ограничувања за производите на „Хуавеи“, изјави Гуо Пинг, еден од ротирачките претседатели на компанијата.

По повод тужбата, Гуо изјави на прес-конференција во Шенжен дека „Хуавеи“ е принуден да преземе такви чекори.

Гуо, исто така, ги обвини САД за хакирање на серверот на „Хуавеи“ и кражба на мејлови.

САД ја ограничија употребата на „Хуавеи“ и лобираа кај сојузниците за да ја избегнуваат кинеската телекомуникациска компанија.

Тужбата е дел од напорите на компанијата во последниве месеци да ги оспори тврдењата дека нејзините производи претставуваат безбедносен ризик. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...