Пристигна првото селфи од израелскиот вселенски брод (ФОТО)

На ма­ла­та плоч­ка по­ста­ве­на под зна­ме­то пи­шу­ва „На­ро­дот на Изра­ел жи­вее“ и „Ма­ла земја, голе­ми со­ништа“, а во зад­ни­на­та се гле­да јуж­на­та Зем­ји­на хе­мис­фе­ра и Ав­стра­лија.

734

Изра­ел­ски­от все­лен­ски брод „Бе­ре­шит“, кој ле­та на Ме­се­чи­ната, ја пра­ти прва­та фотог­ра­фија, на ко­ја се гле­да зна­ме­то на Израел, сли­ка­на во все­ле­на­та со селфи-ка­мера, 37.600 ки­ло­мет­ри од Зем­јата.

На ма­ла­та плоч­ка по­ста­ве­на под зна­ме­то пи­шу­ва „На­ро­дот на Изра­ел жи­вее“ и „Ма­ла земја, го­ле­ми со­ништа“, а во зад­ни­на­та се гле­да јуж­на­та Зем­ји­на хе­мис­фе­ра и Австралија. Фо­тог­ра­фи­ја­та е нап­ра­ве­на от­ка­ко ми­на­та­та не­де­ла бил из­ве­ден клу­чен ма­невр, от­ка­ко би­ла за­бе­ле­жа­на не­ис­прав­ност на ка­ме­рата.

Ле­та­ло­то бе­ше лан­си­ра­но пред две не­де­ли од Фло­рида, на ра­ке­та­та „Фал­кон 9“ на при­ват­на­та ком­па­ни­ја „Спејс икс“ на Илон Маск. До­кол­ку ми­си­ја­та би­де ус­пешна, „Бере­шит“ ќе би­де за­па­ме­тен ка­ко први­от при­ва­тен все­лен­ски брод што до­ле­тал на Ме­се­чи­на­та и прв од Израел.

„Бе­ре­шит“, кој не е по­го­лем од ма­ши­на за пе­ре­ње алишта, ќе кру­жи во сè по­го­ле­ми кру­го­ви до­де­ка не би­де за­фа­тен од те­жа­та на Ме­се­чи­на­та и не вле­зе во неј­зи­на­та орбита. Сле­ту­ва­ње­то е пла­ни­ра­но за 11 ап­рил.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...