Пенс: САД поништуваат 77 визи за луѓе блиски на Мадуро

134

САД поништија визи за 77 официјални претставници на владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро или нивни роднини, објави американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Минатата недела Вашпингтон укина визи за 49 поединци поврзани со Мадуро, во обид да се засили притисок врз Мадуро да се повлече од власта.

Пенс на самит на Коалиција на јужноамерикански држави во Вашингтон рече дека „дошло време да се ослободи Венецуела од Куба“.

Стејт департментот минатата недела соопшшти дека рестрикции за визи се воведени за „поединци одговорни за загрозување на демократијата во Венецуела“ и дека таква практика ќе биде применета за „многубројниоте официјлани лица блиски на Мадуро како и нивните семејства“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...