Венецуелската Влада го протера германскиот амбасадор затоа што го поддржа Гуаидо

91
foto MIA

Владата на Венецуела денеска соопшти дека го протерува германскиот амбасадор Даниел Мартин Кријнер поради мешање во внатрешните работи.

„Венецуела смета дека е неприфатливо странски дипломат во нашата држава да врши јавна улога блиска до онаа на политички лидер усогласена со конспиративната агенда на екстремистичките сектори на венецуелската опозиција“, се наведува во соопштението на Владата.

Официјален Каракас на германскиот амбасадор му даде 48 часа да ја напушти државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...