Осумнаесетгодишниот Итан Линденбергер од американската сојузна држава Охајо почнал да ги преиспитува антивакцинерските ставови на своите родители и на крајот, се вакцинирал против нивната волја и го привлекол вниманието на нациналните медиуми и Конгресот.
Тој раскажал пред Конгресот како успеал да се вакцинира и покрај противењето на неговата мајка.
„Израснав со верувањето на мајка ми дека вакцините се опасни, таа отворено зборуваше за нејзините гледишта и лично и онлајн“, вели Линденбергер.
Неговата мајка Џил Вилер, е дел од глобалното антиваксерско движење кое верува дека вакцините се опасни и предизвикуваат аутизам. Иако ваквото тврдење постојано се отфрла, голем број родители сѐ уште одбиваат да ги вакцинираат своите деца, а Светската здравствена организација извести дека инфекциите со сипаници се зголемени за околу 50 проценти во 2018 година.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Фејсбук