Неодамна во Црна Гора во 85.година од животот почина Стана Церовиќ, последната црногорска вирџина, како што ја нарекуваа медиумите. Имала четири сестри и двајца браќа. Меѓутоа, и двајцата умреле млади па таа како мало девојче му ветила на татко ѝ дека нема да се омажи и дека ќе го зачува презимето. Ја ишишала косата, облекла пантолони и како вистински домаќин и глава на куќата останала на прадедовското огниште.
Велат дека од женските манири ѝ останал само еден – до последниот ден ги криела своите години. Со нејзината смрт отишол во историјата еденпатријархален обичај кој многумина го осудуваат и ѝ го припишуваат на нашата балканска заостанатост, додека пак други го оправдуваат со посебен морален кодекс кој го разбираат само оние кои се родиле и живееле во средини кадешто владеел императив на машки деца. Меѓутоа, ова не е само балканско наследство.
Традиционалниот авганистански обичај, познат како „бача пош“, ги охрабрува родителите да ги облекуваат своите ќерки како синови, а сѐ поради подобра иднина. Сепак, тоа често само им го отежнува животот.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.