Јелена Карлеуша скршена од болка излезе од комеморацијата за мајка ѝ: Душко не ја испушта од раце ВИДЕО

Во црно од глава до петици, со вел на главата и со видно скратена косата, Јелена била подуена од плачење.

2590

Смртта на мајката Дивна многу тешко ја поднесува српската пејачка Јелена Карлеуша. Пејачката на комеморацијата пристигнала со сопругот Душко Тошиќ, кој цело време бил покрај неа. Ја држел за рака и ја придржувал додека излегувала од зградата на Радио Белград.

Во црно од глава до петици, со вел на главата и со видно скратена косата, Јелена била подуена од плачење.

Цело време во салата, но и додека излегувала од зградата гледала во под, не ја кревала главата, а не проговорила ниту збор. Се придржувала за Душко, бидејќи немала сила сама да чекори.

Погребот на Дивна Карлеуша ќе се одржи во 15:30 на Новите бежаниски гробишта во Белград. Семејството донело одлука Дивна Карлеуша да биде испратена со песната „Била је тако лијепа“.

ФОТО: Kurir.rs/Foto Namanja Nikolić

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...