Средовечните мажи кои не можат да направат десет склекa одеднаш имаат далеку повисок ризик од срцев удар и други срцеви болести, покажува најновото истражување. Мажите кои можат да направат повеќе од 40 склекa со тоа го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести за 97 отсто во наредните 10 години од животот, вели стручниот тим од Универзитетот Харвард.
Способноста да направите меѓу 21 и 30 склекa значи дека сте изложени на една четвртина ризик од заболувања како коронарна артериска болест или срцева слабост. Меѓутоа, во секој случај ризикот е помал отколку кај оние кои не можат да направат ни 10.
Експертите објаснуваат дека склекa се подобар показател за идното здравје на срцето од утврдените фитнес стандарди како трчање.
„Нашите наоди покажаа дека склекa може да бидат лесен и бесплатен метод што може да ни помогне во проценката на ризикот од кардиоваскуларни болести во речиси секакво опкружување. Изненадува фактот дека способноста да се изведат склекa е повеќе поврзана со проценката на ризик од кардиоваскуларни болести отколку тестот на лента за трчање“, вели Џастин Јанг, професот на Харвард.
Истражувањето било спроведено на повеќе од 1.000 испитаници – американски пожарникари на возраст од 40-тина години. Иако истражувачите се адаптирале на различните возрасти и тежини на пожарникарите, успеале да најдат поврзаност меѓу бројот на направени склекa и долгорочното добро здравје.
Стручњаците велат дека слични анализи треба да се направат и кај други групи на мажи кои се помалку активни од пожарникарите.