САД размислуваат за нови санкции кон Венецуела со цел да се зголеми притисокот врз Владата на претседателот Николас Мадуро да се откаже од власта, изјави синоќа американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон.
– Бараме нови санкции, нови мерки за да имаме контрола над финансиските средства на Мадуро и да ги намалиме парите за неговиот режим, кои се потребни за да остане на власт, посочи Болтон.
САД претходно воведоа санкции за нафтениот сектор на Венецуела и најавија замрзнување на имот и забрана за патување за високите владини претставници.