Нема врска помеѓу аутизмот и ММР, потврдува досега најголема студија спроведена во Данска

„Се сеќавам пред неколку години, дури и видовме дека Доналд Трамп во неговата кампања за претседателската кампања пишуваше твитови за вакцините што предизвикуваат аутизам", вели д-р Андерс Питер Хвид од Statens Serum Institut во Копенхаген чија последна студија ги тестирала сите теории на анти-ММР активистите и покажала дека се лажни.

134

Нова голема студија од Данска покажува дека нема поврзаност помеѓу вакцината против мали сипаници, заушки и рубеола и  аутизмот. Студијата е спроведена во обид да се разувери зголемениот број на оние кои имаат сомнежи во вакцинацијата, бидејќи епидемиите на мали сипаници се зголемуваат на глобално ниво.

Сомнежите за поврзаноста помеѓу ММР вакцината и аутизмот беа посеани од гастроентерологот Ендру Вејкфилд во 1998. година.

Симптомите на аутизмот често почнуваат да се манифестираат околу периодот кога се дава вакцината, на возраст помеѓу 12 и 15 месеци.

Теоријата е дискредитирана и Вејкфилд подоцна беше отпуштен од практикување на медицината, но се појави сомнеж во безбедноста на вакцините, кои се распространуваа сѐ повеќе преку социјалните медиуми и во некои земји, исто така, се оснивањето на анти-вакцинерски групи.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...