Позната јужноафриканска пејачка наводно случајно пренесувала во живо на социјалните мрежи како нејзиниот партнер ја злоставува во домот.
Пејачката Бејбс Водумо снимала во живо на Инстаграм во својата спална соба, кога ја прекинал маж – нејзиното момче и колега, музичарот Мандла Мафумуло.
Во следните 38 секунди од снимката се гледа како мажот ја напаѓа, ја удира Бејбс и ја влече за коса. Шокантното видео предизвикало лавина од негативни реакции во Јужна Африка, а е покрената и полициска истрага.
„Националниот комесар ѝ наредил на полицијата да пронајде каде се наоѓа Водумо за да може да земе изјава од неа и да се отвори случај ако е навистина нападната на видеото“, се наведува во соопштението.
Водумо, чие вистинско име е Бонгекиле Симелане, одбила да го коментира ваквиот инцидент, но подоцна објавила видео на својот Инстаграм-профил по нападот.
Нејзиниот тим на Твитер објавил дека им се заблагодарува на сите за пораките на поддршка.
ФОТО: Скриншот/Јутјуб