Болтон: САД би можеле да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја

167
ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека САД би можеле да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја доколку таа земја не се откаже од својата нуклеарна програма.

Тој истакна дека Вашингтон, по самитот во Ханој, ќе следи дали Пјонгјанг е посветен на откажувањето од нуклеарната програма „и се што е поврзано со тоа“.

– Доколку тоа не го сакаат, мислам дека претседателот Трамп беше многу јасен, нема да добијат ублажување на економските санкции кои им се воведени, туку напротив ќе се обидеме да ги зајакнеме – објасни Болтон.

Неговата изјава доаѓа по завршувањето на вториот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој заврши без договор. Јужнокорејските разузнавачки агенции откриле знаци дека Северна Кореја обновува дел од локацијата за лансирање ракети Донгчанг-ри, која претходно ја урна.

ФОТО: EPA / CRISTOBAL HERRERA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...