Миланска Скала преговара за финансирање од Саудиска Арабија

Европратеникот од Демократската партија Антонио Панцери изјави дека „хипотезата за влегување на Саудијци во Скала е шамар за Миланската Скала, која е отворена во 1778 година и е една од најпрестижните опери во светот.

148

Во Италија се разви полемика поради можно финансирање во висина од 15 милиони евра на прочуената миланска опера Ала Скала од саудиски фондови и влегување на саудиското Министерство за култура во управниот одбор на институцијата.

Во интервју за „Република“, директорот на миланската „Скала“ Александер Переира потврди дека операта преговара за такво финансирање од Ријад.

– Целта е да изградиме партнерство за најмалку пет години вредно најмалку три милиони евра годишно, како што беше побарано од историските акционери на Скала – нагласи тој.

Преговорите почнале по контакти со саудиската Влада и саудискиот нафтен гигант Арамико предложени од луѓе блиски на претседателот на областа Ломбардија, Атилио Фонтана кој е член на Лигата на италијанскиот министер за надворешни работи Матео Салвини.

На 7 декември, при официјалното отворање на новата сезона на операта, била организирана средба меѓу италијанскиот министер за култура Алберто Бонизоли и неговиот саудиски колега принцот Бадер бин Абдула. Контактите траат и денес.

Европратеникот од Демократската партија Антонио Панцери изјави дека „хипотезата за влегување на Саудијци во Скала е шамар за Миланската Скала, која е отворена во 1778 година и е една од најпрестижните опери во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...