Работилница за дигитализација на филмското наследство

126

Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) во соработка со Кинотека на Македонија и со финансиска поддршка од инструментот на Европската Унија – ТАЕКС организираше работилница „Дигитализација на филмското наследство – етиката во конзервацијата на филмското наследство“.

На настанот учествуваа 30 стручни лица од стручните и високообразовните институции за заштита на аудиовизуелното наследство од земјава.

– Целта на оваа работилница беше да се направи пресек помеѓу теоријата и практиката на филмската реставрација во однос на етиката, притоа ставајќи акцент на развојот на новите дигитални технологии кои отвораат многу прашања и дебати поврзани со етичките аспекти на дигиталната реставрација. Почитувањето на етичкиот кодекс, како едно од основните начела при филмската реставрација, е со единствена цел да се заштити и зачува интегритетот на оригиналните подвижни слики согласносо  етичкиот кодекс на Меѓународната асоцијација на филмските архиви (ФИАФ), информира УЗКН.

Инструментот ТАЕКС на ЕУ  е наменет за поддршка на јавните установи од земјите кандидати за членство на Унијата и првпат се користи во сферата на културата и културните институции во  земјава, првпат за тема поврзана за заштитата на културното наследство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...