Заев: Ќе игра телефонот од 1 јули за поврат на ДДВ, граѓаните сами ќе бидат контролори

Право на поврат ќе има секој кој ќе има над 15 години и важечка лична карта, но не откри повеќе детали.

3865

Меѓу 60 и 100 милиони евра годишно да добијат граѓаните со поврат на 15 отсто од ДДВ, очекува премиерот Зоран Заев.

– Ќе имаме одличен систем и зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе раснат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот – рече Заев.

Проектот ќе стартува од 1 јули и, како што рече Заев, битно ќе ја подобри наплатата на ДДВ кај која сега загубите се движат до 30 милиони евра.

Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните сами да бидат контролори на трговците.

– Проектот е заснован на дигитализација со современ начин на наплата. Ќе игра телефонот со секој граѓанин буквално. Секој ќе може да се регистрира. Дури и детенце под 15 години ќе може да го направи тоа лесно – рече Заев.

За проектот се разговарало и синоќа на средбата на премиерот и претставниците на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Премиерот рече дека право на поврат ќе има секој кој ќе има над 15 години и важечка лична карта, но не откри повеќе детали.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...