Вработување на ИТ инженери преку регионална платформа

Моментално има 30 компании што го тестираат овој продукт, а согласно капацитетот само 100 компании ќе бидат одбрани да се приклучат во раната фаза.

208

Тим од 12 програмери, сериски претприемачи, „гики“ маркетери, дизајнери и ентузијасти за Импакт од Скопје и Балканот под името „Лаика“, лансираат платформа во Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска, како нов начин за вработување.

На платформата „Тех“ професионалците се анонимни и добиваат понуди за работа од најдобите ИТ компании од Балканот. Користењето на платформата е бесплатна. Tие се 100 проценти анонимни додека не видат кој сака да ги вработи и под кои услови – пред да го откријат својот идентитет. Ги внесуваат вештините во што се добри, поставуваат услови како плата, работна позиција, тип на вработување, технологии со кои работат, колеги и локација.

Тимот кој ја создаде платформата смета дека со неа компаниите ќе имаат уникатна можност да се поврзат со најперспективните таленти од сите четири држави и да ја раскажат својата автентична приказна. Ќе научат како да привлечат нови вработени, да се позиционираат како префериран работодавач, како да ги задржат сегашните и како да инспирираат добри препораки. Ќе можат да го претстават тимот, културата, канцелариите, технологиите и проектите.

Моментално има 30 компании што го тестираат овој продукт, а согласно капацитетот само 100 компании ќе бидат одбрани да се приклучат во раната фаза.

– Има толку многу критични проблеми што треба да бидат решени и можеби ова не е најважниот. Но кога проблемот ќе те најде тебе, мораш да ја земеш работата во свои раце. А знаеме дека ниту еден проблем не е претежок ако си упоре-  вели изршниот директор на „Лаика“ Александра Јанакиевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...