Порно-ѕзведата Сторми Даниелс, која тврди дека имала сексуална врска со американскиот претседател Доналд Трамп во времето кога тој не бил во политиката, изјави дека во 2011 година и се заканувале за да молчи.
Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во интервју за Си-Би-Ес изјави дека со детето одела на фитнес во Лас Вегас, кога на паркинг и се приближил непознат маж.
– Тој дојде до мене и ми рече: Остави го Трамп на мир. Заборави ја таа историја. Потоа се наведна, ја погледна ќерка ми, и рече: Колку убаво девојче. Ќе биде штета доколку и се случи нешто на мајка и, и си замина – раскажа порно-ѕвездата.
Таа вели дека само еднаш, во јули 2006 година, имала интимна средба со Трамп, но останале во врска околу една година. Неколку дена пред претседателските избори во 2016 година, адвокат на Трамп и платил 130.000 долари за да молчи. Претходно адвокатот соопшти дека тој и платил на Сторми Даниелс, а претседателот ништо не знаел за тоа.
На 6 март таа поднесе тужба против претседателот, велејќи дека никогаш не потпишала договор за молчење за интимната врска меѓу нив. Но, нејзиниот поранешен адвокат и поранешен бизнис агент ја притиснал да потпише изјава во која негира дека имала врска со Трамп.
Оваа изјава беше објавена од адвокатот на Трамп како доказ дека таква врска не постоела.
Белата куќа не сакаше да го коментира интервјуто.