Музички спот за ИД во Шведска предизвикува контроверзии (ВИДЕО)

186
ФОТО: Принтскрин

Музички видеоспот кој ги исмева џихадистите и терористичката група Исламска држава предизвика остри реакции во шведската јавност и барања видеото да се забрани. Спотот го прикажа националната телевизиска мрежа СВТ.

Сатиричното видео прикажува шведски државјани кои одлучиле да се приклучат на ИД, а низ хип-хоп музиката се вметнуваат вистински снимки од терористи и комични стихови кои говорат за наводните причини поради кои Швеѓаните се придружуваат на терористичката организација, како што се безжичниот интернет.

СВТ соопшти дека секогаш се отворени за критика, но „доколку општеството не може да поднесе услови за конструктивен дијалог, подобро да го затвориме ’бојното поле’“, истакнуваат оттаму.

Видеото погледнете го тука.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...